Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАВИЕР СОЛАНА ЗАРАЗЕН СО КОРОНА: Во средата е задржан во болница

ХАВИЕР СОЛАНА ЗАРАЗЕН СО КОРОНА: Во средата е задржан во болница

Екс генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана е заразен со коронавирус.

78-годишниот Солана е хоспитализиран уште во средата.

Неговата состојба е стабилна и тој ќе остане на лекување в болница под лекарски надзор, објави весникот АБЦ.

Тој  беше министер за надворешни работи на Шпанија во кабинетот на социјалистот Фелипе Гонзалес од 1992 до 1995 година, а од 1995 до 1999 година застанува на чело на Алијансата. Во периодот од 1999 до 2009 година Солана ја вршеше функцијата висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Слично

Поврзани вести