Хаваи се подготвува за евентуален напад од Северна Кореја?
Хаваи прави план во случај на ракетен напад од Северна Кореја, објави Вашингтон пост.
Подготовките вклучуваат евакуација на ученици и јавни известувања од типот „влезете внатре“, „останете внатре“, пишува Хонолулу стар адвертајзер повикувајќи се на изјави на неименувани официјални лица.
„Не сакаме да правиме тревога во јавноста, но не можеме да чекаме со информативната кампања за да обезбедиме жителите на Хаваи да знаат што да прават во случај на таков настан“ - вели Верн Мијаги, администратор на хавајската Агенција за вонредни ситуации.
Хаваи е единствена американска држава нападната во модерно време од странска сила , односно од Јапонија во 1941 година. Оваа земја го нападна Перл Харбор. Државата оттогаш прави подготовки во случај на тајфун, цунами, но не и напад од проектили.
Инаку од заканите за напад од Северна Кореја се плашат Американците, но и Австралија.
