Харви нанесе загуби за милијарди долари-водата се повлекува, бројот на загинати расте
Економската загуба на САД од ураганот Харви ќе изнесува 58 милијарди долари, според извештајот на германската аналитичка компанија.
Според Центарот за управување со природните катастрофи и технологии за намалување на ризикот природната катастрофа што веќе ослабна до тропска бура, ќе е деветтата најскапа за светот од 1900 година.
„Оштетувањето е околу 58 милијарди долари, а повеќе од 90 отсто од тоа е предизвикано од поплави“, рекол Џејмс Даниел, инженер во Центарот.
Претходните пресметки за загуби утврдија значително пониски бројки. Германскиот осигурителен гигант Hannover Re ја процени штетата од 3 милијарди долари, а според ЈП Морган тие ќе се движат помеѓу 10 и 20 милијарди долари.
За да го процени ризикот, Центарот користел податоци од Бирото за економски анализи на САД, кое ги следи инвестициите. Според Даниел, трошоците за изградба на нови згради и привремено сместување, кои вообичаено не се вклучени во пресметките, исто така се земени во предвид.
Конечните резултати се делумно засновани на најголемата база на податоци за природни непогоди во светот што опфаќа повеќе од 41 000 катастрофи од 1900 година.
Во исто време, бројот на загинати луѓе, кој е веќе 33 лица, продолжува да расте. Смртта на десет лица во неколку земји од Југоисточен Тексас се потврдени, а 23 други се верува дека се исчезнати во ураганот. Властите се загрижени дека бројот на загинати може да се зголеми, откако водата во Хјустон и околината почнува да се повлекува.
