Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАРВАРД ОБЕЛОДЕНУВА: Вирусот ќе „убива“ најмалку до 2024

ХАРВАРД ОБЕЛОДЕНУВА: Вирусот ќе „убива“ најмалку до 2024

Најновата студија на научниците од престижниот Харвард покажува дека новиот корона вирус ќе ги примора земјите во цел свет да воведуваат периоди на социјално дистанцирање најмалку уште две години, а вирусот ќе „убива“ најмалку до 2024 година.

-Ова што сега го прави светот нема да биде доволно да се запре новиот корона вирус, велат истражувачите од Харвардската школа за јавно здравје.

Според нивната студија што ја објави списанието „Сајанс“ со сигурност ќе мора владите во речиси сите земји да воведуваат периоди кога ќе мора да има социјално дистанцирање и тоа најмалку до 2022 година, освен, како што наведуваат не се развие вакцина.

-КОВИД-19 ќе стане сезонски, како тесно поврзаните коронавируси кои предизвикуваат обична настинка со повисоки стапки на пренесување во текот на постудените месеци. Но, има многу непознати, вклучително и нивото на имунитет стекнат од претходна инфекција и колку долго трае, укажува лидерот на тимот научници од Харвард, Стивен Кислер.

Кислер вели дека се до моментот на појава на вакцината и други начини на лекување од Ковид-19, социјалното дистанцирање е единствено решение, кое ќе овозможи здравствените капацитети во земјите да не станат критично пренатрпани.

Истовремено, научниците наведуваат дека ригорозните мерки на изолација може да имаат и голем контраефект, бидејќи на тој начин не може да се создаде колективен имунитет, заради што периодичниот начин во моментов се чини како најдобро решение.


Слично

Поврзани вести