Економија, финансии, бизнис

Контакт

Harley Davidson сеуште ржи силно

Harley Davidson сеуште ржи силно
Минатата година американскиот производител Harley Davidson има продадено околу 261 000 од своите исконски мотоцикли. Тоа е околу 11 000 повеќе отколку во 2012 година. Само во регионот на Европа продажбата се одвива забавено, пренесува Ројтерс. "2013 година без сомнение беше една извонредна година за Harley", изјави главниот извршен директор Кит Уондл во четвртокот во седиштето во Милвоки. Приходите пораснаа за 6% до 5,9 милијарди долари (4,3 милијарди евра). На овој начин Harley врши импресивен камбек. Компанијата мораше да се бори за опстанок во време на економска криза , бидејќи продажбата на најскапите машини се урна . Во очај Уондл се откажа од марките MV Agusta и Buell и скрати илјадници работни места , но истовремено го модернизира производството . Денес производителот ги  жнее плодовите на реорганизацијата. Најголемиот пазар традиционално се Соединетите Американски Држави. Тука Harley продава два од секои три мотоцикл . Сепак најсилен раст минатата година постигна Латинска Америка и Азиско-пацифичкиот регион . Според менаџментот компанијата ќе има  стабилен раст и оваа година. Компанијата сака да освои нови клиенти надвор постојната фан база.
Слично

Поврзани вести