Економија, финансии, бизнис

Контакт

Харков ги одби барањата на проруските демонстранти

Харков ги одби барањата на проруските демонстранти
Украинскиот град Харков одлучи да ги отфрли барањата на проруските демонстранти кои ја зазедоа зградата на локалната администрација и бараа референдум за отцепување од Украина и за приклучување кон Русија. Според заменикот-гувернер на Харков Василиј Хом, барањата се одбиени бидејќи се „апсолутно неизводливи, невозможни и незаконити“. Тој додава дека Регионалниот совет на Харков воопшто нема овластување да донесе таква одлука за референдум, бидејќи тоа не е во согласност со украинскиот Закон за локална самоуправа. Демонстрантите и натаму се пред зградата на локалната администрација на Харков, која ја зазедоа пред два дена, а денеска од таму беа отстранети со полициска интервенција. Тие одново се обидуваат да ја заземат зградата, а притоа користат и петарди и други пиротехнички средства. При последниот обид запалиле една просторија во зградата, по што густ чад се раширил во целиот објект и ги истерал полицајците надвор. Ситуацијата дополнително се радикализира и во уште еден источен украински град Луганск, каде што според украинската Служба за државна безбедност, проруски демонстранти поставиле експлозив и држат 60 заложници. Ваквите информации ги демантираат проруските демонстранти кои под своја контрола и натаму ја држат зградата на локалната власт во Луганск. При нивниот обид да ја заземат зградата беа повредени најмалку девет лица.  
Слично

Поврзани вести