Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАРИСОН ФОРД И СОПРУГАТА ДОЖИВЕА НЕПРИЈАТНОСТ ВО КАН: Голема грешка на организаторот, еве како реагираше парот! (Видео)

ХАРИСОН ФОРД И СОПРУГАТА ДОЖИВЕА НЕПРИЈАТНОСТ ВО КАН: Голема грешка на организаторот, еве како реагираше парот! (Видео)

Американскиот актер Харисон Форд и неговата сопруга, исто така актерка Калиста Флокхарт, доживеаја непријатност на црвениот тепих на 76. Кански филмски фестивал за време на премиерата на неговиот нов филм за Индијана Џонс и почесното доделување на Златната палма.

Имено, Форд и неговата сопруга организаторите ги разделиле, односно добиле задача да седат на одделни места во публиката, а Калиста била сместена во редот зад Харисон Форд. Двојката пристигнала на премиерата на неговиот филм Indiana Johns and the Dial of Destiny, а кога отишле да ги бараат своите места сфатиле дека не седнале заедно.

Сепак, Калиста и Харисон не направија драма за тоа, ниту протестираа, иако Форд беше видно лут поради гафот на организацијата. Таа на крајот седнала зад него и така ја гледале премиерата.


Инаку, Харисон Форд вчера ненајавено ја доби почесната Златна палма пред проекцијата. „Длабоко сум трогнат од ова признание“, рече видно возбуден 80-годишен американски актер кој ја добива наградата. Кога најавија дека петтото продолжение за авантурите на археолозите ќе биде премиерно прикажано во Кан, организаторите посочија дека ќе му оддадат „почит“ на Харисон Форд без да откријат за што се работи.

Познатиот холивудски актер постигна шарена галерија на филмски ликови: го паметиме како Хан Соло во сагата за Војна на ѕвездите, како ловец на репликанти од култниот филм Блејд Ранер и неговото продолжение и како археолог во серијата Индијана Џонс, која започна во 1981 година со првата епизода Raiders of the Lost Ark .

Петтиот дел од Индијана Џонс ќе се појави во кината на крајот на јуни. Во 2022 година, Том Круз ја доби и почесната Златна палма пред прикажувањето на филмот, кога дојде во Кан за прегледот на неговиот филм Топ Ган: Маверик.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести