Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАРИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО, ПРИСТИГНА ВО ЛОНДОН, НО...Ќе го видат ли на балоконот на Багинхемската палата?

ХАРИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО, ПРИСТИГНА ВО ЛОНДОН, НО...Ќе го видат ли на балоконот на Багинхемската палата?

Церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети е во тек, а голем дел од вниманието на јавноста е насочено кон принцот Хари, кој, според локалните медиуми, нема да остане долго на овој историски настан. Според извори блиски до кралското семејство, Хари нема да се појавува ниту на официјални семејни фотографии.

Извори за Дејли Мејл потврдија дека тој пристигнал во Лондон, но дека Хари не требало да му се придружи на кралското семејство во Бакинхемската палата и да учествува на приватен семеен ручек. Тој, исто така, нема да учествува во поворката од Вестминстерската опатија, ниту ќе му се придружи на семејството на балконот, каде традиционално ќе бидат пречекани насобраните граѓани.

Принцот пристигнал во Велика Британија со комерцијален лет на „Американ ерлајнс“ и ги изненадил останатите патници кои биле со него во авионот, пренесува овој портал.

Војводата од Сасекс со денови не е виден во јавноста и нема знаци дека ја напуштил својата вила во Калифорнија или дека пристигнал во Велика Британија. Бакингемската палата официјално го објави доаѓањето на принцот минатиот месец и се очекуваше тој да пристигне ден претходно и да преноќи во Фрогмор Котиџ на имотот Виндзор.

Планот е Хари веднаш по двочасовната церемонија да се врати во Америка за да биде со сопругата Меган Маркл за четвртиот роденден на нивниот син Арчи.

Упатени извори велат дека не ја исклучуваат можноста принцот да има непланиран разговор со својот татко откако ќе слета во Велика Британија.

„Се разбира дека никогаш не може да се каже никогаш. Сè е можно, особено со него, а неговото височество и покрај се го сака својот син“, рекол изворот.

Но, други сметаа дека тоа е малку веројатно.

„Искрено, малку бесмислено да биде таму, но барем може да каже дека дојде и се потруди да биде со татко му на неговиот голем ден“, додаде друг.

Бакингемската палата минатиот месец објави дека со задоволство потврди дека Хари ќе присуствува на церемонијата на неговиот татко, по неколкумесечни шпекулации дали тој и Меган ќе присуствуваат.


ФОТО: EPA-EFE

Слично

Поврзани вести