Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАОС ВО РУСКИ ЗАТВОР: Затвореници со ножеви нападнале чувари и земале заложници

ХАОС ВО РУСКИ ЗАТВОР: Затвореници со ножеви нападнале чувари и земале заложници

Во затворот во градот Суровикин во регионот на Волгоград, некои затвореници ги нападнале затворските чувари и затворската управа и земале заложници, објави Руската Федерална агенција за извршување на затворски санкции.

Затвореници на седницата на дисциплинската комисија со ножеви ги нападнале вработените во затворот и ги земале како заложници. Руските медиуми јавуваат дека е можно да има жртви меѓу чуварите и управата, пренесуваат српските медиуми. 

Некои канали наведуваат дека се работи за затвореници кои се членови на терористичката организација Исламска држава. Засега нема потврда за таа информација.

Според руските медиуми, ранет е шефот на полициската станица, како и уште три лица. Ранетите, според неофицијални руски медиуми, се префрлени во болница.

Наводно, имам од Волгоград бил ангажиран да преговара со киднаперите. Наводно, киднаперите бараат хеликоптер и два милиони долари. Телеграмските канали поврзани со руската полиција пишуваат за тоа. Нема официјални потврди за оваа информација.

Руските медиуми јавуваат дека специјална антитерористичка единица пристигнала пред затворот и се подготвува за операција за ослободување. Во затворот има околу 1.230 затвореници.

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести