Хаос во Иран: Бројката се искачи до 76 загинати од протестите
Најмалку 76 лица се убиени откако избија протести поради смртта на една млада Иранка, откако таа беше уапсена од полицијата за „неморал“, соопшти денеска невладината организација Iran Human Rights со седиште во Осло.
„Според информациите собрани од Iran Human Rights, најмалку 76 лица се убиени во протестите во 14 провинции во земјата“, се вели во соопштението на невладината организација.
Таму се појаснува дека меѓу загинатите има „шест жени и четири деца“. Невладината организација вели дека добила неколку „видеа од нападот со истрели кон демонстрантите“
Слично
