Хаос во Германија! Нападната синагога во Берлин!
Синагога во Берлин утрово беше нападната со молотови коктели, во време кога во главниот град на Германија се зголемуваат антисемитските инциденти и по ескалацијата на насилството на Блискиот Исток.
Еврејската заедница соопшти дека нејзината синагога во градската населба Мите била нападната со две запаливи направи, а полицијата го потврдила инцидентот, пренесува АП.
„Непознати лица фрлиле два молотови коктели од улица“, соопштија од Еврејската заедница на платформата Икс (Твитер).
Утрово десетици полицајци вршеа увид пред синагогата, а целата улица каде што се наоѓа зградата беше оградена и блокирана за сообраќај.
Еврејската организација во Германија соопшти дека во инцидентот учествувале две лица, но не соопштија повеќе детали.
„Сите сме шокирани од овој терористички напад. Најпрво, семејствата од соседството околу синагогата се шокирани и загрижени. Зборовите стануваат дела. Идеологијата на Хамас за истребување против се што е еврејско станува ефективна и во Германија“, Централниот совет на Евреите во Германија се вели во соопштението.
Во комплексот згради на еврејската заедница во центарот на Берлин се сместени синагога, детска градинка, училиште и центар на заедницата.
Полицијата, исто така, соопшти дека во текот на ноќта во судирите меѓу муслиманските имигранти и органите на редот во градските области Нојкелн и Кројцберг и кај Бранденбуршката порта во Берлин се повредени неколку полицајци.
По бруталниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври и војната во Газа, полицијата ја зголеми безбедноста во еврејските институции во Берлин и низ Германија.
Покрај тоа, израелските знамиња кои во знак на солидарност се вееја пред градските собранија ширум земјата беа симнати и запалени, а на неколку згради во Берлин каде што живеат Евреи беше нацртана ѕвездата на Давид на нивните врати и ѕидови, пренесува АП.
In der Nacht zum Mittwoch haben Unbekannte mehrere Brandsätze auf eine jüdische Einrichtung in der Brunnenstraße in Berlin-Mitte geworfen. In dem Gebäude befinden sich eine Synagoge, eine Schule und eine Kita. Verletzt wurde bei dem Angriff niemand.https://t.co/cvqVjfGTXL pic.twitter.com/SjMNIuYCx4
— rbb|24 (@rbb24) October 18, 2023
Фото: Принтскрин/Твитер
