Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАОС ВО ЕСЕН : Сириец влетал со комбе во продавници, запалил куќи, 31 лице е повредено (ВИДЕО)

ХАОС ВО ЕСЕН : Сириец влетал со комбе во продавници, запалил куќи, 31 лице е повредено (ВИДЕО)

Вооружен Сириец (41) во саботата вечер со своето комбе влетал во неколку продавници во германскиот град Есен, заканувајќи се со оружје, и запалил две станбени згради, при што 31 лице е повредено, меѓу кои и две деца, чии животи се во опасност, јавуваат германските медиуми денес.

Според Противпожарната служба и полицијата, тој околу 17 часот и 10 минути запалил станбена зграда, а потоа запалил и куќа на друга улица, пишува весникот „Билд“.

После тоа, со комбето влетал во излогот и фасадата на продавница за зеленчук, а потоа се упатил кон друга продавница, кога излегол и извадил мачета.


На социјалните мрежи кружат видеа како насилникот им се заканува со оружје на луѓето околу него.

Случајните минувачи очигледно го држеле подалеку фрлајќи кон него разни предмети. Според Билд, полицијата на само неколку метри од продавницата за зеленчук успеала да го уапси сторителот кој имал изгореници на рацете.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести