Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАОС ВО БЕРЛИН: Тепачка во центарот за мигранти

ХАОС ВО БЕРЛИН: Тепачка во центарот за мигранти

Во прифатниот центар во Берлин во неделата избила масовна тепачка во која учествувале над стотина мигранти која се смирила веднаш по интервенцијата на повеќе од 100 припадници на полицијата.

Тепачката избила во центарот, поставен на аеродромот Темпелхоф, кој повеќе не е во употреба, за време на ручекот.

Во тепачката учествувале повеќе од стотина луѓе, пренесува „Ројтерс“ по изјавата на потпаролот на полицијата, наведувајќи дека има и уапсени, но нивниот број не е прецизиран.

Раководителот на центарот Михаел Елијас изјавил дека тамо се сместени 830 луѓе, а целата кавга започнала помеѓу група од 20 до 30 луѓе.

Полицијата во текот на денот морала да реагира и во друг прифатен центар во Берлин, каде исто така избило насилство.

Слично

Поврзани вести