Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАОС ВО АРГЕНТИНА, ЗАГИНАА 13 ЛИЦА: Невремето е страшно, уништува се пред себе (ВИДЕО)

ХАОС ВО АРГЕНТИНА, ЗАГИНАА 13 ЛИЦА: Невремето е страшно, уништува се пред себе (ВИДЕО)

Силна бура со грмотевици го погоди атлантскиот брег на Аргентина, а претходно со сета сила падна на централниот и североисточниот дел на земјата.

Најмалку 13 лица загинаа.

Веста за бројот на загинатите ја потврди Федерико Сусбиелес, градоначалник на Баија Бланка, на социјалната мрежа Икс.

Овој град се наоѓа во близина на јужниот крај на провинцијата Буенос Аирес, еден од регионите во Аргентина со најголемо производство на жито.

Кабинетот на аргентинскиот претседател Хавиер Мајли (Хавиер) објави соопштение во кое изразува сочувство до семејствата на жртвите и ги советува жителите да останат во своите домови, предупредувајќи на разорните налети на ветрови кои надминуваат 150 километри на час.


Над централните региони на Аргентина се формира моќен систем со грмотевици, со многу силни урагански ветрови, град и обилни врнежи.

Невремето буквално уништуваше се пред себе и причинета е огромна материјална штета.

Североисточниот дел на Аргентина, како и поширокото подрачје на Буенос Аирес го зафати силно невреме.


Невремето со грмотевици е карактеристичен феномен за овој период од годината во Аргентина, а често се случуваат и суперклеточни бури и торнада.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести