Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАОС ПРЕД АМЕРИКАНСКА ВОЕНА БАЗА ВО ТУРЦИЈА: Демонстранти се обидоа да упаднат, полицијата употреби солзавец и водени топови (ВИДЕО)

ХАОС ПРЕД АМЕРИКАНСКА ВОЕНА БАЗА ВО ТУРЦИЈА: Демонстранти се обидоа да упаднат, полицијата употреби солзавец и водени топови (ВИДЕО)

Собраните на пропалестинскиот митинг во Турција денеска се обидоа да упаднат во воздушната база во која се стационирани американски војници.

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата, а многумина вееја турски и палестински знамиња, објави Ројтерс.

Демонстрантите уриваа и барикади, се судрија со полицијата и фрлаа со пластични столчиња и камења по нив.

Претседателот на исламистичката турска хуманитарна агенција за хуманитарна помош ИХХ, Фондацијата за хуманитарна помош, Булент Јилдирим, им се обрати на толпата во Адана и ги повика да се воздржат од напади врз полицијата, објави Гардијан.

„Пријатели, не е во ред да се фрлаат камења или да се прават слични работи, бидејќи и полицијата и војниците би сакале да одат во Газа и да се борат и ќе си заминат кога ќе дојде време“, рече тој.


Турција вчера го отповика својот амбасадор од Израел, наведувајќи го како причина израелското „одбивање на повиците за прекин на огнот“ и зголемениот број жртви во Газа, каде што повеќе од 9.700 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади.

Во меѓувреме, минатиот месец, Израел ги повлече своите дипломати од Турција, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече Израел „окупатор“ на пропалестинскиот митинг.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести