Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАОС НА УЛИЦИТЕ ВО ШПАНИЈА: обилните дождови ги претворија улиците во реки, се спасуваа луѓе, училиштата и патиштата затворени (ВИДЕО)

ХАОС НА УЛИЦИТЕ ВО ШПАНИЈА: обилните дождови ги претворија улиците во реки, се спасуваа луѓе, училиштата и патиштата затворени (ВИДЕО)

Властите во источна и јужна Шпанија ги затворија училиштата и почнаа да ги евакуираат жителите бидејќи обилните дождови повторно ја погодија земјата, две недели по катастрофалните поплави во кои загинаа најмалку 215 луѓе и предизвикаа жестока политичка дебата.

Во средата наутро, државната метеоролошка агенција Аемет стави голем дел од источна и јужна Шпанија под портокалово предупредување, со највисоко ниво на предупредување издадено за провинциите Тарагона во Каталонија и Малага во Андалузија.

Владата на Андалузија ги затвори училиштата во провинциите Малага и Гранада, а 3.000 луѓе беа евакуирани од населбите во близина на реката Гвадалхорсе, која тече низ провинцијата Малага.

Брзите возови што ги поврзуваат Мадрид со Малага и Валенсија беа суспендирани во средата попладне и така ќе останат најмалку до пладне во четврток. Аеродромот во Малага откажа еден лет и пренасочи пет други, додека локалното метро беше затворено.

Властите во Каталонија ги повикаа граѓаните на „максимална претпазливост“, додека регионалната влада на Валенсија - која беше критикувана за лошо управување за време на неодамнешната катастрофа - ги советуваше локалните власти во погодените области да ги затворат училиштата и препорачаа да работат од дома. Рано во средата навечер, Аемет го подигна нивото на тревога во провинцијата Валенсија од портокалово на црвено.


„Опасноста е екстремна“, објави Аемет на мрежата X. „Избегнувајте движење, бидејќи реките може да се поплават. Бидете многу внимателни!“

Агенцијата предупреди дека во оваа област може да наврнат 180 литри вода на метар квадратен во рок од четири до пет часа.


Иако сегашното невреме не се очекува да биде толку силно како претходното, последиците од врнежите би можеле да бидат сериозни поради големите количини кал кои веќе се на теренот и загрозената состојба на канализационата мрежа, пишува Гардијан.


Во текот на ноќта пожарникарите спасиле четири лица во провинцијата Валенсија поради обилните дождови. Градоначалникот на Кулера објави снимка од поплавите во текот на ноќта.


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести