ХАОС на терен во Ирак: Хуманитарната помош заврши во рацете на џихадистите од Исламската држава!
Ирачки пилоти направиле голема грешка - наместо на загрозените граѓани и сопствените војници, хуманитарната помош им ја доставиле на џихадистите од Исламската држава, признаа ирачките власти.
„Некои пилоти, наместо залихите да ги пуштат над областите под контрола на ирачката војска, ги исфрлиле над подрачјата што ги контролираат милитантите на ИСИЛ“, вели Хаким Ал-Зимили, член на Одборот за одбрана и безбедност во ирачкиот Парламент.
„На војниците им беа многу потребни тие залихи, но заради погрешно планирање на заповедниците во ирачката војска и недостиг на искуство на пилотите, ние на некој начин им помогнавме на џихадистите од Исламската држава да ги убиваат нашите војници“, истакнал Ал-Зимили.
Ирачката војска го потврдила инцидентот, а како причина го навеле неискуството и младоста на пилотите. Инцидентот се случил на 19 септември, над провинцијата Анбар, а веќе е покрената и официјална истрага.
Слично
