Хаос на небото над Италија: Се судрија два борбени авиони
Два италијански борбени авиони се судрија летајќи во текот на вежба во близина на Асколија во источниот дел на државата.
Според извештаите на локалните медиуми, двата пилоти се катапултирале секунда пред страшниот судар, а леталата од типот „торнадо“ завршиле во пламен во блиската шума.
Како што пренесува агенцијата АП, во несреќата немало жртви, а на местото на настанот, од кое се издигал густ црн чад, стигнал противпожарен хеликоптер кој се обидел да гo изгаси огнот.
Информација за причините за нересќата засега нема, а сведоци тврдат дека двата авиони летале прилично ниско.
Слично


