Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАОС НА ЈУГОТ ОД МЕКСИКО: 18 загинати, меѓу нив и градоначалникот на општина Топалтан!

ХАОС НА ЈУГОТ ОД МЕКСИКО: 18 загинати, меѓу нив и градоначалникот на општина Топалтан!

Вооружени напаѓачи го убиле градоначалникот, неговиот татко и уште 16 лица во државата Гереро во јужниот дел на Мексико, соопштија властите, пренесува АП.

Обвинителството соопшти дека во средата во градот Сан Мигел Тотолапан загинале 18 лица, а уште двајца се ранети.

Се вели дека меѓу загинатите се градоначалникот Конрадо Мендоза и неговиот татко, поранешен градоначалник на градот.

Полицијата соопшти дека вооружени мажи упаднале во градското собрание на Сан Мигел Тотолапан во средата околу 14:00 часот по локално време.

Снимката од местото на настанот покажува дека градското собрание е изрешетано со куршуми, пренесува АП.

Сан Мигел Тотолапан се наоѓа во регионот Тиера Калиенте, дел од западно Мексико каде нарко картелите се борат за превласт.

Во 2016 година, жителите на овој град, на кои им е доста од киднапирања од локалната банда „Лос Текилерос“, ја киднапирале мајката на водачот на бандата за да обезбедат ослободување на другите.


Фото: Printscreen/youtube/milenio

Слично

Поврзани вести