Хаос на белгиските аеродроми
500 луѓе ја поминале ноќта во средата спроти четврток на аеродромот во Брисел, како резултат на прекин на електричната енергија на служба „Белгоконтрол“ во средата, пишува весникот „Соар“.
Сообраќајот во рамките на белгискиот воздушен простор ќе остане ограничен до 75% во текот на следните неколку дена. Токму поради тоа патниците треба да очекуваат големи одложувања на аеродромот во Брисел, прецизира весникот.
Над 200 летови за и од Белгија биле откажани или пренасочени по струјниот удар во средата, објавија светските агенции. Прекинот на електричната енергија во контролниот центар го парализира поголемиот дел од воздушниот сообраќај во земјата и направил хаос на аеродромот во Брисел поради задоцнети, пренасочени и одложени летови.
Авионите полека почнале да летаат повторно во попладневните часови, но дотогаш илјадници патници на бриселскиот аеродром биле погодени во чекање. Некои патници чекале во авионите на патеката со часови, додека други слетале во соседните земји или ги испуштиле меѓународните врски. Стотици луѓе имало во преполните ходници на аеродромот, за да бараат информации или нови билети.
Од компанијата „Белгоконтрол“ соопштиле дека одеднаш струен удар ги извадил од функција основните системи за контрола на сообраќајот и се исклучиле и итните генератори.
