Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хамас застрела 18 палестинци

Хамас застрела 18 палестинци

Во појасот Газа вчера беа застрелани осумнаесет мажи кои се обвинети за соработка со Израел, објави телевизијата која ја контролира Хамас.

Од тие 18, шестмина се застрелани на градскиот плоштад, а ги убиле борци облечени во униформи на бригадата Езедин ал Касам, воена гранка на Хамас.

Погубувањето е извршено пред повеќе стотици верници кои непосредно пред тоа ја завршиле молитвата пред најголемата џамија во градот.

Уште најмалку единаесет се застрелани во близина на седиштето на полицијата во центарот на Газа, а еден човек е погубен на вториот, близок плоштад.

До масовната егзекуција на обвинетите за шпијунажа во корист на Израел дошло ден после израелскиот напад на една зграда на југот од Појасот Газа каде загинаа тројца команданти на Хамас.

Слично

Поврзани вести