Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАМАС ТВРДИ ДЕКА ИЗРАЕЛ УБИЛ 13 ЛУЃЕ ВО БОЛНИЦА: Maхмуд Абас кажа кое решение за нив е прифатливо

ХАМАС ТВРДИ ДЕКА ИЗРАЕЛ УБИЛ 13 ЛУЃЕ ВО БОЛНИЦА: Maхмуд Абас кажа кое решение за нив е прифатливо

Израел ја бомбардираше најголемата болница во Газа, каде според тврдењата на Хамас загинаа 13 луѓе. 

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека Израел утрово извршил воздушни напади врз или во близина на најмалку три болници. Нападите наводно ја вклучуваат најголемата болница во Газа, „Ал Шифа“, а Израел тврди дека Хамас таму криел командни центри и тунели. Хамас ги негира овие обвинувања.

Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО)  изјави дека болницата „Ал Шифа“ била бомбардирана.

„Немам детали за ‘Ал Шифа’, но знаеме дека е бомбардирана“, рече Маргарет Харис.

„Ројтерс“ цитира палестински официјални лица дека едно лице е убиено.

Владата на Хамас во Газа тврди дека 13 биле убиени.

Службата за брза помош „Маген Давид“ (МДА) лекува две лица кои се ранети во ракетен напад од Појасот Газа во областа на Тел Авив.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја поздрави одлуката на Израел да се согласи на „хуманитарна пауза“ во северниот дел на Појасот Газа и рече дека „треба да се направи многу повеќе“ за заштита на цивилите. Тој кажа дека премногу цивили загинаа. 

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас денеска повтори дека тоа тело е подготвено да ја врати контролата врз Појасот Газа по војната меѓу Израел и Хамас, но порача дека тоа ќе го прифати само во рамки на сеопфатното политичко решение, кое ја вклучува палестинската држава во границите од 1967 година, со источен Ерусалим како главен град. На 7 октомври Хамас го нападна Израел и оттогаш има воени дејствија. 

Слично

Поврзани вести