Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАМАС СУРОВО МАЧЕЛ ЦИВИЛИ: Убиени луѓе се најдени во канали, други се стрелани, па запалени

ХАМАС СУРОВО МАЧЕЛ ЦИВИЛИ: Убиени луѓе се најдени во канали, други се стрелани, па запалени

Израелските власти велат дека се пронајдени се тела со повреди од досега невидено мачење. 

Како што пренесе „Скај њуз“, се работи за цивили кои палестинската група Хамас ги убила. Претседателот на Израел, Исак Херцог на брифинг со новинарите рече дека истражителите пронашле повреди од тортура кои „никогаш не ги виделе досега“.

„Петчлено семејство било пронајдено врзано. Сите беа прегрнати, застрелани и запалени“, рече тој.

Се работело за мајка, татко и деца. Херцог рече дека неколку луѓе се пронајдени убиени во канали покрај патиштата. Тој додаде дека Израел „се соочи со еден од најсуровите непријатели на Земјата“.

Во саботата Хамас почна со напади во Израел. Има голем број жртви, не само војници, туку и цивили. 

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Бундестагот увери за целосна поддршка за Израел по нападот на Хамас и најави забрана за поддршка на оваа терористичка организација во Германија, како и забрана за организацијата „Самидун“, која постојано повикува на антисемитски протести.

Слично

Поврзани вести