Хамас: Примирје е можно само без блокади!
Палестинското радикално движење Хамас е подготвено на примирје во судирот со Израел, но само ако биде укината 7-годишната израелска и египетска блокада врз Појасот Газа, објави лидерот на Хамас Халед Мешал.
Тој на новинарите во Доха, Катар им кажал дека Хамас не може да се откаже од своите услови во спогодбата за примирје, но дека може да прифати привремено хуманитрано примирје за помош на Газа. Лидерот на Хамас притоа рекол дека жителите на Газа се борат со „окупациска сила“ и дека „Палестинците се вистински сопственици на таа земја“.
Според Мешал, Хамас отфрла секаков предлог за примирје освен ако не се отворат границите на Појасот Газа и не заврши 7-годишната блокада на палестинската територија. „Го отфрламе тоа денес, а ќе го одбиваме и во иднина“, рекол Мешал.
Во меѓувреме, бројот на жртвите во обновениот израелско-палестински конфликт постојано расте. До утрово црниот биланс се искачи на најмалку 725 убиени Палестинци и 35 Израелци.
Слично
