Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хамас планира напад на аеродромот во Тел Авив

Хамас планира напад на аеродромот во Тел Авив
Оруженото крило на исламистичката групација Хамас ги предупреди авиокомпаниите дека има намера да го гранатира меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во Тел Авив и дека авионите не треба да летаат во тој правец. „Во светло на изралеските напади врз жителите на Појасот Газа, оруженото крило на Хамас одлучи да одговори на израелската агресија. Ве предупредуваме да не летате во правец на аеродромот „Бен Гурион“, кој ќе биде една од целите денеска, бидејќи на аеродромот се наоѓа воена база“, стои во соопштението упатено до авиокомпаниите. Притоа се наведува дека целта на предупредувањето е да се избегнат жртви меѓу патниците. Хамас претходно соопшти дека денеска упатила најмалку една ракета во правец на аеродромот, но таа не паднала во близина на главниот аеродром во Израел кој е особено добро чуван од израелската противракетна одбрана. Портпаролот на аеродромот рекол дека сирената за тревога сџе огласила и оти сите активности биле прекинати 10 минути, но оти тоа било дел од општата тревога во Тел Авив, а не знак за директна опасност за аеродромот. Франција вчера ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Израел, а германските туроператори ги откажаа сите туристички патувања до крајот на месецот.  
Слично

Поврзани вести