Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАМАС ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ЗАЛОЖНИЧКА СО ПРЕВРЗАНА РАКА: Мajката моли да го спасат нејзиното дете

ХАМАС ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ЗАЛОЖНИЧКА СО ПРЕВРЗАНА РАКА:  Мajката моли да го спасат нејзиното дете

Хамас објави видео од заложничка, a мајката на девојката моли за помош. 

Хамас објави видео од киднапираната 21-годишна Израелка, Миа Шем, која  има и француско државјанство, по што нејзиното семејство одржа прес-конференција. Керен Шарф Шем, мајка на девојката рече дека го видела своето дете на видеото и веќе слушнала шпекулации дека е застрелана во рамото или ногата.

На видеото што го објави Хамас се гледа како девојка со преврзана рана на раката, додека зборува директно пред камерата. Таа сега се наоѓа во Газа и се лекува во тамошната болница.

„Ве молам, извадете ме одовде што е можно побргу“, додаде заложничката.

Девојката била на фестивалот каде Хамас убија, но и киднапираа луѓе.

„Таа отиде на фестивал да се забавува, а сега е во Газа. Ова е злосторство против човештвото. Треба сите да се здружиме да се спречи овој терор и се вратат сите дома. На ќерка ми ѝ треба лекарска помош. Таа е борец, таа е воин. Таа помина низ сè во својот живот. Знаев дека се бори и нема да се откаже. Таа има најголемо срце, таа е мојот најдобар пријател. Сакам да ѝ кажам на ќерка ми дека ја сакам многу и многу ми недостига. Секој ден замислувам како ја гушкам кога ќе си дојде дома“, рече мајка ѝ.

Во терористичкиот напад на Хамас на северот на Израел е киднапиран и 22-годишниот млад човек со српско потекло Алон Охел. И тој бил на фестивалот. 

Фото: Принтскрин/Јутуб - „Скајњуз“

Слично

Поврзани вести