Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хамас: Непријателот не успеа да ги убие нашите браќа во Доха

Хамас: Непријателот не успеа да ги убие нашите браќа во Доха

Палестинската терористичка група Хамас тврди дека нивниот преговарачки тим го преживеал денешниот израелски воздушен напад во Доха, додавајќи дека притоа загинале шест луѓе. 

Главна мета на нападот бил Халил ал-Хаја, пребегнатиот шеф на Газа и главен преговарач на Хамас, но групата кажа дека меѓу загинатите се неговиот син и директорот на неговиот кабинет.

„Потврдуваме дека непријателот не успеа да ги убие нашите браќа од преговарачката делегација. Нападот без сомнение потврдува дека Нетанјаху и неговата влада не сакаат да постигнат никаков договор за мир“, соопшти Хамас.

Израел сè уште собира информации за нападот и сè уште не утврдил дали се убиени некои претставници или лидери на Хамас, изјави еден извор за „Ројтерс“.

Израел веднаш ја презеде одговорноста за нападот, во кој бил погоден станбен комплекс во централниот дел на Доха, каде што се наоѓа и повремен штаб на Хамас. Медиумите објавија дека во нападот учествувале 15 борбени авиони, кои испукале десет ракети кон една мета.

„Хамас утрово гордо ја презеде заслугата за убиството на четворица израелски војници во Газа вчера и за убиството на шесте лица на автобуска станица во Ерусалим. Затоа наредив хируршки прецизен напад врз терористичките шефови на Хамас. Нема да има имунитет за водачите на Хамас, тие денови завршија“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Белата куќа кажа дека однапред била известена за нападот, додека Катар тврди дека не му бил најавен.

На 7 октомври во 2023 година, Хамас го нападна Израел и војната уште трае. 

Слично

Поврзани вести