Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАМАС НЕ Е ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИИ, ТУКУ ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА: Германија вели дека треба да се внимава со бројот на загинати Палестинци

ХАМАС НЕ Е ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИИ, ТУКУ ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА: Германија вели дека треба да се внимава со бројот на загинати Палестинци

Германија вели дека треба да се внимава со бројот на загинати Палестинци, затоа што податоците ги испраќа Хамас. 
Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристијан Вагнер  рече дека треба да се биде претпазлив за бројот на смртни случаи кои ги објавува Министерството за здравство на Газа. Министерството кое е под управа на Хамас, денеска објави дека во израелското бомбардирање на Газа досега се убиени 7.326 Палестинци, меѓу кои повеќе од 3.000 деца.
На прес-конференција во Берлин, Вагнер рече дека меѓународната заедница не може да ги потврди информациите за бројот на загинатите. 
„Хамас не е извор на информации за нас. Тоа е терористичка организација“, рече Вагнер.
Израелската војска денеска го обвини палестинското исламистичко движење Хамас дека „води војна од болниците“ во Појасот Газа и дека го користи своето население како „човечки штит“. 
Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави 7.028 смртни случаи во Газа, од кои повеќе од 40 отсто се деца. СЗО цитираше податоци од Министерството за здравство во Газа, кое е под управа на Хамас, пишува Би-би-си.

Слично

Поврзани вести