„Хамас криел ракети во детски кревет, проектили во количка“: Израелската армија објави видео од рацијата (ВИДЕО)
„Хамас стави ракети во креветот на мало девојче, а противтенковски проектили во количка. Ова е непријателот со кој се бориме“, се наведува на официјалниот профил на израелските одбранбени сили на социјалната мрежа „Х“.
Израелската војска соопшти дека војниците од нејзината 551-та резервна бригада откриле ракети на Хамас скриени во креветот на девојчето при претрес на дом во градот Беит Ханун во северниот дел на Газа.
Видео кое кружи на социјалната мрежа Х го покажува оружјето за кое ИД рече дека е пронајдено во куќата, вклучувајќи проектили, експлозивни направи и експлозивни материјали.
Hamas placed rockets inside a little girl’s bed and anti-tank missiles inside a baby stroller.
— Israel Defense Forces (@IDF) November 16, 2023
This is the enemy we’re fighting. pic.twitter.com/KrpXSVht20
Исто така, во количките се пронајдени и противтенковски проектили, соопштија припадници на израелската армија.
Откако ја пребарале куќата, ИД го уништила пронајденото оружје, пишува Тајмс оф Израел.
Фото: Принтскрин/Твитер