ХАМАС КИДНАПИРАШЕ БАБА И НЕЈЗИНАТА АУТИСТИЧНА ВНУКА: Израел објави дека ги нашле нивните тела
Хамас киднапираше баба и нејзината 12-годишна аутистична внука во Израел и сега се најдени нивните тела.
Израел потврди дека двете заложнички кои Хамас ги зароби на 7 октомври се пронајдени мртви.
Милитантите ги киднапирале Кармела Дан (80) и нејзината 12-годишна внука Ноја Дан во Кибуц Нир Оз. Израел не соопшти каде се пронајдени телата.
„Ова прекрасно 12-годишно девојче со аутизам беше киднапирано од нејзиниот дом од терористите на Хамас и однесено во Газа. Ноја е чувствителна, љубезна, духовита и голем обожавател на Хари Потер“, напишаа и ја поканија писателката Џ.К. Роулинг да им помогне да ја донесе нејзината приказна во јавноста.
Хамас уби и голем број странци од различни земји на 7 октомври.
Слично
