Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хамас кажа „не“ на примирјето – од утрово повторно напади

Хамас кажа „не“ на примирјето – од утрово повторно напади
Милитантната палестинска организација Хамас одлучи да не го продолжува 72-часовното примирје со Израел кое истече утрово. Уште пред да истече договорениот мир, од територијата на Газа се испалени две ракети кон Израел. По прекинот на примирјето, кон израелска територија биле упатени уште најмалку пет палестински ракети, од кои една била пресретната над Ашкелон, додека останатите паднале на отворено подрачје во јужен Израел. Според независни извори, многу палестински жители од утрово ги напуштаат своите домови, стравувајќи од израелска одмазда. Хамас одби да го продолжи примирјето со изговор дека Израел не го прифатил основниот услов за тоа - спогодба со која би се отвориле границите на Газа и би започнала обнова на овој регион. Израел, од своја страна, најави дека е подготвен да го релаксира донекаде граничниот режим со Газа, но притоа бара од Хамас да се разоружа, што палестинското движење не го прифаќа.  
Слично

Поврзани вести