Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАМАС ИМА ПЛАН ЗА ЗАЛОЖНИЦИТЕ: Газа ќе ја претвориме во гробишта за израелската армија

ХАМАС ИМА ПЛАН ЗА ЗАЛОЖНИЦИТЕ:  Газа ќе ја претвориме во гробишта за израелската армија

Милитантите од Појасот Газа планираат да ги пуштат странците. Палестинската терористичка група Хамас соопшти дека во наредните денови ќе ги ослободи странските заложници, откако вети дека Газа ќе ја претвори во гробишта за израелската армија.

Абу Обаида, портпарол на бригадите Ал Касам, кажа дека планираат да ослободат дел од странците. 

„Ги информиравме посредниците дека во следните неколку дена ќе ослободиме одреден број странци“, вели тој. 

Оваа информација доаѓа откако голем број луѓе се убиени во напад на бегалскиот камп Џабалија во Газа, според Хамас. Зградите се срамнети со земја во густо населена област, а жителите нападот го споредија со земјотрес и сведочеа дека тлото почнало да се урива околу нив. Хамас тврди дека нападот го извршил Израел, објави Дејли Меил.

Во Газа има 5.000 странци, од кои 1.000 се Американци. 

Слично

Поврзани вести