Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАМАС ИМА БАЗА ВО ПОЈАСОТ ГАЗА: Болницата Шифа им е засолниште

ХАМАС ИМА БАЗА ВО ПОЈАСОТ ГАЗА:  Болницата Шифа им е засолниште

Израелците велат дека Хамас се крие под болница во Газа.

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) денеска објавија визуелни и аудио снимки за кои тврдат дека се доказ дека милитантите на Хамас се кријат во и под најголемата болница во Газа.

„Нивните приоритети се јасни, а луѓето што живеат во Газа не се меѓу нив“, се вели во соопштението на ИДФ.

Велат дека болницата Шифа, најголемата болница во Газа, е база за терористите на Хамас.

Палестинската терористичка група Хамас според Израелците, користи околу 1.500 болнички кревети и 4.000 медицински персонал како засолниште во кое планира терористички активности. 

„Таму кријат осудени убијци и складираат оружје наменето за тероризам, со што се загрозуваат илјадници пациенти и болнички персонал“, тврдат од ИДФ.

ИДФ објави и аудио снимка за која вели дека е разговор меѓу двајца жители на Газа. Во разговорот еден од луѓето кажува дека базата на военото крило на Хамас се наоѓа под болницата Шифа. Овие тврдења не се независно потврдени.

Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел. Претставници на Хамас се во посета на Русија. 

Слично

Поврзани вести