Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И  ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

Израелските војници пронашле тела на тројца заложници. Телата се пронајдени во операција во текот на ноќта што ја реализирале армијата и Израелската безбедносна агенција Шин Бет.

Тројцата биле на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на кибуцот Реим утрото на 7 октомври лани, од каде потоа побегнале во областа Мефалсим.

Портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари изјави дека терористите од палестинската група Хамас ги убиле таму, а нивните тела ги донеле во Газа. 

Роднините на заложниците организираа повеќе протести, со барање израелските власти да се договорат со Хамас за ослободување на заложниците. 

Хамас лани на 7 октомври го нападна Израел, а потоа израелската армија почна со операција во Газа за уништување на Хамас. 

foto IDF

Слично

Поврзани вести