ХАМАС ГИ САКАТЕЛЕ ТЕЛАТА НА ДВЕТЕ МОМЧИЊА: Израел се закани дека палестинската терористичка група ќе плати за ова
Израел го обвини Хамас за убиство на двете киднапирани момчиња.
„Ариел и Кфир Бибас, две израелски момчиња киднапирани за време на терористичкиoт напад на 7 октомври 2023 година, беа „брутално убиени со голи раце“, изјави денеска портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари, отфрлајќи ги тврдењата на Хамас дека семејството било убиено во израелски воздушен напад.
Хагари додаде дека двете млади момчиња, кои имале 4 години и 10 месеци во моментот на нивната смрт, се убиени на особено брутален начин од нивните киднапери, кои потоа ги осакатувале нивните тела за да го прикријат злосторството.
„Екстремистите извршија грозоморно злосторство, третирајќи ги немоќните како што правеше ИСИС“, рече тој.
Хагари бара враќање на телото на нивната мајка, Шири Бибас, која требало да биде вратена во Израел со посмртните останки на нејзините деца. Но, Хамас го предаде телото на неидентификувана жена од Газа, што ИДФ го осуди како сериозно кршење на договорот.
Хагари понатаму откри дека Одед Лифшиц, 83-годишник чии останки биле вратени со децата Бибас, бил егзекутиран од неговите киднапери во првите недели од војната.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во петокот изјави дека Хамас ќе ја „плати цената“ за неуспехот да го врати телото на заложникот Шири Бабас, според мировниот договор со Израел.