Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАМАС ДЕСЕТ ГОДИНИ СПРЕМАЛ ИНФРАСТРУКТУРА ЗА НАПАДИ: Израел вети дека за неколку месеци ќе ја уништи групата

ХАМАС ДЕСЕТ ГОДИНИ СПРЕМАЛ ИНФРАСТРУКТУРА ЗА НАПАДИ: Израел вети дека за неколку месеци ќе ја уништи групата

На Израел му се потребни неколку месеци да победи во Газа.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави пред американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан дека ќе бидат потребни неколку месеци за победа над палестинската терористичка група Хамас во палестинската енклава Појасот Газа.

Галант објасни дека Хамас повеќе од десет години ја градел „инфраструктурата под и над земјата“. Додаде дека уништувањето на движењето „бара извесно време“.

„Тоа ќе трае неколку месеци, но ќе победиме и ќе ги уништиме“, изјави Галант.

Израел потврди дека во Појасот Газа се убиени уште двајца заложници.

Генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА), Филипо Лазарини, денеска изјави дека гладните луѓе запираат камиони со хуманитарна помош во Појасот Газа. Во Газа загинаа над 18.000 Палестинци. Инаку, Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел со барање за формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим. 

Слично

Поврзани вести