„Хакнат“ сајтот на турската полиција поради паркот Гези
Хакрери денеска го блокираа интернет сајтот на турската полиција. Групата „Црвените хакери“ („Редхак“) изврши кибер-напад во знак на протест поради насилството на властите за време на протестите против уништувањето на паркот Гези во Истанбул, што доведе до масовни антивладини собири кде загинаа пет лица, а неколку илјади беа повредени.
„Откако уби пет лица, им ги извади очите на 12 и повреди осум илјади луѓе, дали мислиш дека ќе можеш мирно да постоиш?“, се обратија од „Редхак“ преку Твитер до полицијата.
Турската група „Црвени хакери“, се смета дека е поврзана со меѓународната хакерска група „Анонимуси“, која стана позната со сајбер нападот врз полицијата во Анкара на почетокот од 2012 година.
Таа, исто така, изврши напади и врз сајтовите на Националната разузнавачка служба, на командите на копнените сили и на военото воздухопловсство, на турскиот телекомуникациски оператор „Турк Телеком“ и на голем број други институции во Турција.
Слично
