Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хакирана електронска пошта на 57 милиони Руси

Хакирана електронска пошта на 57 милиони Руси

Најактивните хакери во светот се Кинезите, но и Бугарите не заостануваат многу.

Изгледа основна цел на хакерите биле руските корисници. Хакирани се околу 57 милиони е-маил адреси кои се од најголемата електронска пошта во Русија mail.ru која има околу 100 милиони корисници месечно.

Украдените лозинки и е-мејл адреси, се од корисниците на Gmail, Yahoo и mail.ru. Се смета дека биле земени од помали и повеќе несигурни сајтови каде корисниците користат е-мејл адреси и лозинка за да влезат во корисничките профили. Луѓето кои користат различна лозинка за е-мејл сметка и за сајтовите не се погодени од хакирањето.

Според податоците на американската компанија „Веризон", од Кина доаѓа над 30% од хакерската активност. На второ место е Романија со околу 28%, а хакерите од САД сочинуваат 18%.  Кинеските хакери ги користат своите вештини главно за шпионажа и кражба на технологија од западните фирми,  додека Романците и Бугарите го прават за лични финансиски бенефиции.

Слично

Поврзани вести