Хакиран Твитер профилот на Централната команда на САД
Во официјалното Твитер соопштение на Централната команда на САД (Centcom) упаднале хакери, кои тврдат дека работат за борците на Исламската држава на Ирак и Левант (ИСИЛ).
Хакери, кои тврдат дека работат за ИСИЛ, порачале: „Американски војници, ние доаѓаме, чувајте го грбот. ИСИС“.
Другиот твит наводно упатува на списокот имиња и броеви од телефони на воен персонал на САД и презентации на мапи.
Овој хакерски напад се случува додека САД продолжува да ја води воената коалиција против ИСИЛ во Ирак и Сирија.
Американски воени претставници рекле дека уште немаат коментар за овој инцидент.
Слично

