ХАКЕРСКИ НАПАДИ ВРЗ КОРИСНИЦИТЕ НА „LinkedIn“ - Им барале откуп за враќање на профилите
Корисници на профили на „LinkedIn“ алармираат дека нивните профили на оваа мрежа им биле хакирани, и потоа биле уценети да платат откуп за да ја вратат контролата врз нивните сметки, додека во некои случаи хакерите трајно ги бришеле сметките без никакви барања
Бранот напади врз корисниците на LinkedIn станува се посериозен проблем. За тоа сведочи фактот дека трендовите на Google бележат зголемување на пребарувањата за хакирање или враќање на сметките на LinkedIn за дури 5000 отсто. Истражувачкиот тим на Cyberint предупреди за ова, нагласувајќи ја загриженоста поради ненадејниот и драматичен раст на ваквите инциденти.
Некои корисници беа уценети да платат откуп за да ја вратат контролата врз нивните сметки, додека во некои случаи хакерите трајно ги избришаа сметките без никакви барања. Исто така, корисниците кои ги штителе своите сметки со силни лозинки и/или двофакторна автентикација, се пожалиле на привремено заклучување на нивните сметки, пренесува Информации.
Според Cyberint, хакерите најчесто користат напади со брутална сила или користат ингеренциите некако пронајдени на Интернет. Кога ќе ја преземат сметката, тие ја заменуваат поврзаната е-пошта на корисникот со адресата за е-пошта „rambler.ru“, не дозволувајќи пристап до оригиналниот сопственик. Тие често ја активираат автентикацијата со два фактори за да го отежнат процесот на враќање на сметката.
Сметките на LinkedIn се вредни за сајбер криминалците поради потенцијална измама, но она што дополнително ја комплицира ситуацијата е поддршката на самиот LinkedIn. Многу корисници го изразуваат своето незадоволство бидејќи поддршката не била од помош, а некои дури и не добиле одговор.
Експертите препорачуваат корисниците веднаш да ги променат лозинките и задолжително да активираат двофакторна автентикација за да ги заштитат своите сметки.
