Хакерски напад ја потресе Владата на Меркел!
Претставници на организацијата „Кибер Беркут“, чие седиште е во Славјанск, ги блокирале официјалните сајтови на Германската Влада поради, како што соопштуваат, средствата кои Германија ќе ги издвои за Киев и ќе бидат искористени за продолжување на војната на истокот од Украина.
Украинската влада планира повторно да го разгледа државниот буџет за 2015 година најдоцна до 15 февруари, а премиерот Аресениj Јацењук се надева дека од ЕУ и ММФ ќе добие кредити од неколку милијарди долари. Не е тешко да се претпостави за што тие пари ќе бидат наменети, се наведува во соопштението на „Кибер Беркут“.
На Јацењук, како што истакнуваат активистите на тоа движење, му се потребни средства за продолжување на војната, а никако за обновување на уништените инфраструктури на нашата земја.
Во оваа војна веќе загинаа илјадници луѓе и Јацењук за вашите пари сака да убие уште илјадници, се наведува на официјалниот сајт на организацијата „Кибер Беркут“.
Сајбер броците му се обратиле и на народот и на владата на Германија со барање да „ја запре финансиската и политичката моќ која им ја пружа на киевскиот режим, кој започна крвава граѓанска војна“:
Нападот на повеќе сајтови на Германската Влада го потврдил и Стефан Зајберт, портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел.
