Хакери упаднаа во фејсбук-профилите на украинската армија и ги повикаа војниците да се предадат
Мета, во чија сопственост е Фејсбук oбјави дека хакери влегле во фејсбук-профилите на украинската армија и ги повикале војниците да се предадат.
На Фејсбук тие забележаа дека некои „финансиски мотивирани актери“ ја користат кризата за да отворат лажни профили и да профитираат од интересот за вестите од Украина. Тие ги насочуваат корисниците на други веб-страници или им продаваат лажни производи. Мета информира дека хакерите доведоа до безбедносни грижи во другите делови на светот, вклучително и Азербејџан, Јужна Америка, Филипините и Иран. Индипендент наведува дека таквите напади се само дел од криминалните активности насочени кон Украина.
На 24 февруари, Русија ја нападна Украина.
Слично
