Хакери се обиделе да украдат лични информации на програмерите од Епл
Програмерскиот сајт на компјутерскиот и софтверски гигант Епл, бил хакиран, информираа од компанијата, од каде што веднаш го исклучиле сајтот за програмерите кои развиваат софтвер, стравувајќи дека можеби биле украдени нивни лични податоци.
„Минатиот четврток натрапник се обиде да се здобие со личните информации на нашите регистрирани програмери од сајтот за програмери. Иако доверливите информации се кодирани, не можеме да ја отфрлиме веројатноста дека е добиен пристап до имињата, електронската пошта или пораките на некои програмери“ - објави Епл во соопштението.
Слично
