Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАКЕРИ ГО „УРНАА“ НАЈГОЛЕМИОТ НАФТОВОД ВО САД: Згаснаа сите системи на компанијата „Колонијален нафтовод“

ХАКЕРИ ГО „УРНАА“ НАЈГОЛЕМИОТ НАФТОВОД ВО САД: Згаснаа сите системи на компанијата „Колонијален нафтовод“

Најголемиот нафтовод за пренос на рафинирана нафта во САД, „Колонијален нафтовод“, ги прекина сите свои операции поради хакерски упад, соопштуваат од таа компанија.

Се посочува дека нападот бил откриен на крајот на неделава, дека сите системи биле затворени, како и дека Интернетот бил исклучен за да се реши проблемот.

- Со оваа постапка сите операции беа привремено прекинати и тоа влијаеше и на некои технолошки системи, се наведува во соопштението.

Компанијата ангажираше специјална компанија задолжена за безбедност на Интернет за истрагата, а беа контактирани и федералните власти.

Медиумите претходно објавија дека „Колонијалниот нафтовод“ ја затвори својата главна линија за бензин и дестилации.

Гасоводот на компанијата ги поврзува рафинериите со пазарите низ јужниот и источниот дел на САД преку систем од 8,850 километри низ кој минуваат бензин, дизел, керозин и други преработени производи.


Слично

Поврзани вести