Хакери ги пробиле личните податоци на 465.000 клиенти на „Џеј Пи Морган Чејс“
На околу 465.000 клиенти на американската банка „Џеј Пи Морган Чејс“ хакери им ги пробиле личните податоци, соопштија од банката. Сите клиенти биле сопственици на дебитната картичка ЈуКард.
Картичката се употребува во корпоративните или владините програми за социјална помош, како бонови за храна, надомест при невработеност или утврдување на даноци.
Корпорациите ја употребуваат ЈуКард за да ги иплаќаат работниците кои немаат тековни сметки.
Хакерите имале пристап до личните информации од средината на јули до средината на септември.
Банката наведува дека хакерската интервенција не ги засегнала клиентите, кои поседуваат кредитни и дебитни картички или картички Чејс Ликвид.
Слично
