Хакери ги демнат навивачите на „Евро 2016“
Создадени се многу лажни сајтови, на кои се нудат билети на црно.
Европското првенство во фудбал веќе започна. Сите кои се надеваат да најдат билети за натпреварите на својот омилен тим, може да станат цел на онлајн измама.
Компјутерските криминалци со цел лесна добивка создале лажни сајтови на кои нудат билети за натпреварите од „Евро 2016“ во Франција. Тие имаат високи цени, но не постои гаранција дека купувачот воопшто ќе го добие со билетот.
Билетите се нудат по цени од 3500 до 5000 евра.
Фановите на фудбалот се цел и на e-mail измами, така што добиваат лажни информации дека освоиле билет за да следат натпревар од првенството.
Слично
