Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хајнекен со разблажување се справува со кризата

Хајнекен со разблажување се справува со кризата
Холандската компанија „Хајнекен“ го разблажи едно од најпознатите пива во Велика Британија, „Џон Смитс“, од 3,8% на 3,6%. компанијата на овој потег се одлучи откако рецесијата почна да ја погодува. Намаленоста на алкохолот во пивото, компанијата на годишно ниво и заштеди осум милиони евра, поради тоа што за пивото со намалено количество на алкохол се плаќа помал данок. Од компанијата тврдат дека намалениот алкохол во пивото за само 0,2 % нема да го промени неговиот квалитет и вкус, но ќе помогне на компанијата да заштеди големи количини на пари, кои потоа може да ги вложи во маркетинг и развој на „Џон Смитс“ пиварите. Холандскиот бренд не е единствен кои мора да се прилагоди на условите на тешката финансиска клима. Поедини чоколади како Марс и Сникерс, сега се со помала грамажа отколку порано, а производителите тврдат дека овој чекор е направен како реакција на проблемите со дебелината.
Слично

Поврзани вести