Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гувернерот на Сахалин уапсен во Москва за поткуп од 5,6 милиони долари

Гувернерот на Сахалин уапсен во Москва за поткуп од 5,6 милиони долари

Гувернерот на  рускиот остров Сахалин - Александар Хорошавин, беше уапсен вчера во Москва под сомнение за примање поткуп во износ од 5,6 милиони долари, соопштија агенциите.

Апсењето беше извршено неколку часа откако истражниот комитет на Русија, во извештај даден директно од претседателот Владимир Путин, изјави дека при претрес на куќите, вклучувајќи и една во Москва, биле откриени големи парични суми, накит, скапи часовници и телефони.

Московски суд нареди Хорошавин да биде задржан во притвор до 27 април.

„Самиот факт дека е поднесена тужба против толку висок раководител ја потврдува решеноста на државата да се бори против корупцијата“, стои во соопштението на истражниот комитет.

За десет дена се очекува да биде покренато официјално обвинение против гувернерот.

Слично

Поврзани вести