Гувернерот на Њујорк: Експлозијата е терористички акт
Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо изјави дека денешната експлозија во Менхетен е терористички акт.
Сепак, тој прецизира дека засега нема докази дека тоа е чин на меѓународниот тероризам, пренесува Voice of America.
Гувернерот додаде дека во моментов во градот патролираат дополнителни 1000 полицајци и дека 29-те повредени во експлозијата се пуштени од болница.
Тој изјави дека властите ќе реагираат за експлозијата како за терористички активности.
„Имавме среќа што тоа не се случи за време на работен ден" - беше коментарот на вработените во локалната болница Стивен Фари.
Со толку многу луѓе кои работат во оваа населба, жртвите ќе беа два пати повеќе, додаде тој.
Слично
