Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гувернерот на грчката централна банка бара итно спроведување на реформите

Гувернерот на грчката централна банка бара итно спроведување на реформите

Гувернерот на грчката централна банка Јоргос Провопулос повика за итно спроведување на реформите, за забрзување на приватизацијата и за искористување на државниот имот во рамките на планот за приватизација на Владата со цел за надминување на кризата, пишува весникот „Експрес“.

На состанокот со претседателот Каролос Папуљас првиот банкар во Грција изјави, дека постои тенденција за враќање на штедните влогови, повлечени од банките поради зголемената несигурност во земјата за време на парламентарните избори на 17 јуни.

- Ќе треба да дејствуваме многу брзо за да надоместиме за изгубеното, изјави Провопулос. Тој истакна дека премиерот Андонис Самарас е решен и подготвен да дејствува брзо и итно за постигнување економски раст, забрзување на приватизацијата и отворање нови работни места.

Провопулос истакна дека во периодот меѓу двете гласања во мај и јуни од банките се повлечени 12 милијарди евра, но појасни дека по изборите во јуни досега во банките се вратени влогови во висина од 5 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести